Припадинци на Граѓанското движење против уставните измени „Македонија блокира“ синоќа од пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани ги почнаа своите најавени протести пред домовите на пратениците од опозицијата кои гласаа за потребата од уставни измени.
По пристигнувањето Мукоски ги пречека демонстрантите, неколку од нив влегоа во неговиот дом, а останатите играа оро пред куќата со запалени свеќи во раце. Со песната “Едно име имаме” тие му порачаа да не го менува името на државата.