Движењето „child-free“ и неговите заложби






реклама
Марсела Муњоз, малостопанственичка од Канзас (САД), која на својот интернет-простор се потпишува како „Childfree Millennial“ (милениумка без деца), е едно од лицата кои сакаат да појаснат зошто избрале живот без деца и на некој начин ја шират таа идеа.
Иако одлуката да се нема деца не е ништо ново, тој избор на живот „без деца“ прераснува во еден вид движење, означено со придавката „child-free“, коешто се распространува, со идеја – поотворено се зборува за тоа и да нема предрасуди кон луѓето кои го направиле тој избор. Има и сѐ повеќе интернет-заедници и групи за поддршка коишто ги дефинираат своите членови како луѓе кои свесно избрале и одлучиле да немаат деца.
реклама
– На прашањето зошто немам деца, првиот одговор што секогаш го давам е – затоа што не сакам да имам деца… Не можам да ви кажам колку пати пријателите кои имаат деца ми рекле „О Боже, синоќа спиев само два часа, моите деца повраќаа и морав да се грижам за се“. Тоа не ми е нималку примамливо, вели Муњоз.
Таа верува дека деца би ја спречиле да ужива во нејзините страсти – спонтани патувања, фудбалски тренинзи и „редовно“ лежење в кревет. Во една нејзина неодамнешна објава, таа се пошегува: 
реклама
– Ако копнеете по дете, дремнете. Ако уживавте во таа дремка, немојте да имате деца.
Поимот „child-free“ (‘без деца’ или ‘ослободени од деца’) постои од почетокот на 20. век, но дури во 1970-тите, феминистките почнале да го користат во поширок контекст, за тој да се однесува на жените кои избираат да немаат деца. Наставката „free“ е наменски одбрана за да се укаже на „слободата“ и животот без обврски, што го чувствуваат токму луѓето кои свесно одлучиле да немаат свои деца. 
реклама

The post Движењето „child-free“ и неговите заложби appeared first on zoom.mk.
Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: