Лидерите на политичките партии во Македонија Зоран Заев и Кристијан Мицкоски играат Двојна игра. Велат едно, а спроведуваат во практика нешто сосема нешто друго. Работава е ти мижи и не гледај, а јас ќе бидам бајачката. Представниците од владата Велат ние сме конструктивни и сакаме решение за името и да се стави крај на долгогодишниот спор, а меѓународната заедница не поддржува во тоа. Како прво Македонија нема спор со ниедна земја и не негира и не уценува никого баш напротив сме нападнати и не треба да преговараме туку да се одбраниме и да ја зачуваме Република Македонија.
Повторувам представниците од владата Велат ние сме конструктивни и сакаме решение за името и да се стави крај на долгогодишниот спор, а меѓународната заедница не поддржува во тоа. Ова во суштина значи ние сакаме да ги смениме македонското име и идентитет за да ги задоволиме потребите на Грција, а таква наредба добивме од Меѓународната заедница односно како ќе свират така ќе играме. Кристијан Мицкоски како лидер на опозицијата го изјави истото: Ставот за името ќе го кажеме после лидерската средба. Тоа во суштина значи да се довориме со партијата на власт како ќе го играме орото во зависност од тоа што ќе ни одсвири меѓународната заедница.
Нели требаше ВМРО-ДПМНЕ да има различна позиција од СДСМ? Нели е ова патриотска, десничарска партија која што ги заштитува интересите на Македонскиот народ? Или тоа е само парола за на митинзи? Извор: Заев и Мицковски едно те исто.
Пронајдете не на следниве мрежи: