Двојна дневница ако работите на 11 Октомври

Ако ве викнат на работа овој четврток би требало да добиете двојна дневница. Согласно Законот за празници вторник 11 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Р. Македонија. Меѓутоа, за одреден дел од вработените во приватниот сектор овој неработен ден ќе биде работен, бидејќи тие ќе треба да бидат на своите работни места.
Истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според Законот. Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.
Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон дека  работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови работи, и платата за поминати часови на работа да е зголемена за 50 насто.
Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот во висина од 3.000 до 4.000 евра.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.