Двајца лица кои беа повредени во пожарот во Кочани, попладнево се префрлени од Воената болница во Ниш во Универзитетскиот клинички центар во истиот град, објави МИА. Според информациите од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, пациентите, кои имаат 18 и 24 години, се под континуирана хируршка нега и нивните витални знаци се стабилни. Вкупно три лица кои се повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Во моментот, 30 пациенти кои претрпеа сериозни повреди во пожарот во Кочани се под медицинска грижа во воени и цивилни здравствени установи.
The post Двојца повредени во пожар во Кочани примени на лекување во УКЦ Ниш appeared first on 365.mk.