Дебар ќе гласа “за“, “против“ се само криминалците, порача Зекири

“На Референдумот на 30 септември Дебар ќе гласа “за“, а така ќе биде и во другите градови во нашава земја. Против се само криминалците во земјава, кои немаат ниту нација, ниту вера.“ Со овие зборови им се обрати пратеникот во Собранието, Мухамед Зекири, на отворената трибина која вчера се одржа во Дебар.
Тој тврдеше дека тие силно веруваат дека Референдумот ќе биде успешен со што на Македонија и се отвора патот кон ЕУ и НАТО.
Дека ќе одговараат сите кои се огрешиле од законот зошто реформите морало да се спроведат, во што земјава добива силна поддршка од бројни светски лидери.Дебарскот крај има голем број печалбари ширум земјите во Европа, па и тие ќе почувствувале благодет од зачленувањето на Македонија во ЕУ, а во земјава ќе се зголемел бројот на нови вработувања, ги убедуваше Зекири дебарчани.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.