Дебата по уставните амандмани, утре

И покрај тоа што беше закажана за денес Собраниската Комисија за уставни прашања нема да ја започне дебатата за уставните нацрт-амандмани. Причината за одлагањето како на Комисијата така и на собраниската седница, со други точки на дневен ред е отсуството на голем дел од пратениците заради комеморативната седница и погребот на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
Во третата и последна фаза од постапката за измена на Уставот, согласно Договорот од Преспа. Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани, и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите, а потоа како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија.
Седница, најверојатно нема да одржи ниту Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција, која во текот на неделава треба да усвои предлог-текст на Закон за амнестија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.