Деведесет и двајца пријавени за фаќање на крстот во Вардар

За разлика од минатата година кога сто и педесет луѓе учествуваа во традиционалното спуштање на крстот на Богојавление – Водици во водите на Вардар во центарот на Скопје, оваа година до сега се пријавени деведесет и две лица информираше Скопската епархија за МИА. Пријавувањето почна на 2 јануари, а завршува денес.
Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе се изврши на 19 јануари на пладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.
Претходно, во 9 часот архиепископот г.г. Стефан  ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а потоа во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: