Деветмина загинати во пожар во рудник во Русија

Властите на регионот Перм, каде што се наоѓа рудникот, утрово соопштија дека спасувачките екипи досега ги пронашле телата на осуммина од загинатите рудари, додека по деветиот и натаму се трага. Причините за пожарот, кој избувнал на длабочина од 340 метри во рудникот, засега не се познати.
Рудникот за калиумов карбонат се наоѓа во близина на градот Соликамск, на околу 1.500 километри североисточно од Москва и е сопственост на руската компанијата „Уралкалиј“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.