На денешен ден пред 19 години се случи најголемиот терористички напад на американско тло. Во нападот терористи на Ал каеда истовремено грабнаа четири авиони, од кои два урнаа во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, со еден урнаа дел од зградата на Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот авион падна во Пенсилванија.
Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.
Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.
Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди УСД, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилиони долари.
Одговорноста падна врз Ал каеда и лидерот на таа организација Осама Бин Ладен, кој, невообичаено за една терористичка организација, демантираше дека неговата стои зад организацијата на терористичкиот напад.
Случувањата од 11 септември го промовираа Осама Бин Ладен во најбаран човек во светот, а Ал каеда во најмоќна терористичка организација. По десетгодишно криење Бин Ладен беше убиен во Пакистан.
Директна последица од терористичкиот напад од 11 септември 2001 година беше одлуката на Белата куќа на чело со Џорџ Буш Јуниор да му објави војна на светскиот тероризам, што несомнено ги одреди насоките во меѓународните односи во првите години од 21 век.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.