Во текот на денешниот ден, сабота, 07.09.2024 година, до 13:30 часот има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои активни се 9, под контрола е 1 и изгаснати се 3 пожари, информираат од ЦУК.
АКТИВНИ: 9
- Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
- Општина Чашка 1: Планина Мукос – с.Ораов Дол се шири кон с.Габровник (активен), с.Оморани (повторно активен), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);
- Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);
- Општина Долнени 1: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);
- Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);
- Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);
- Општина Чашка 2: с.Голозинци – с.Мелница (ниска вегетација);
- Општина Сарај: автопат Скопје – Тетово (сува трева);
- Општина Македонски Брод: с.Грешница, м.в.Стојанова населба (деградирана шума, сува трева и грмушки).
ПОД КОНТРОЛА: 1
- Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
ИЗГАСНАТИ: 3
- Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
- Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре);
- Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре).