Во пукање на бензинска пумпа во градот Колумбус во американската држава Џорџија, на границата со Алабама, ранети се девет малолетници, меѓу кои и едно петгодишно дете, соопштија денеска властите.
Децата ранети во инцидентот што се случи вчера се на возраст од пет до 17 години, а се работи за седум момчиња и две девојчиња, пренесува АП. Според соопштението на локалните власти, се чини дека ниту едно од ранетите деца не е опасно по живот.
- НАТО ќе распореди 10.000 војници во Бугарија, Романија и Грција за голема воена вежба на крајот на месецов!
- Припадниците на овие хороскопски знаци мислат дека се попаметни од сите други
- Во Сирија, градоначалникот беше погубен на улица: толпата славеше по ликвидацијата на сојузникот на Асад
- Во 2024 година во македонските хотели и кафеани се потрошени 270,2 милиони евра
- Анџелина Џоли докажа дека има големо срце: Таа и нејзиниот син Нокс им помагаат на луѓето кои изгубиле сè во пожарот (фото/видео)
Полицијата не уапси никого.
„Зголемувањето на оруженото насилство во кое е вклучена нашата младина влијае на целата земја“, рече началникот на полицијата во Колумбус, Фреди Блекмон.
Тој додаде дека полицијата неуморно работи на отстранување на насилниците од улиците на Колумбус.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.