Девет идеи за Денот на вљубените

Без разлика на тоа во која фаза е вашата врска, Денот на вљубените може да биде извор на анксиозност и стрес. Тоа не ни пречи толку,како ни црвените срца насекаде,колку дилемата каков оригинален состанок да организираме за нашиот сакан,за да ја избегнеме онаа класична размена чоколади и рози.
Наместо да и се препуштите на рутината, за овој Ден на вљубените обидете се да направите нешто што ќе ве потсети вас и вашиот сакан,колку вашата врска е забавна, а не само кој датум е во прашање. Ние подготвивме листа на активности кои ќе го занемарат оној класичен ритуал на меѓусебна размена на чоколадни бонбони во облик на срце!
Изберете го вашиот омилен предлог меѓу овие 9 и уживајте во љубовта и добрата забава.
1.Правете се дека сте турист во сопствениот град и посетете галерии, музеи, ресторани и други интересни места кои никогаш не сте ги посетиле досега.
2.Одете на масажа за парови,ослободете се од стресот и тензијата така што ќе посeтите некој Спа центар,или истово направете го во домашна атмосвера,со миризливи свеќи и секако,примерок од Камасутра.
3.Повторно доживејте го вашиот прв состанок.
4.Запишете се на час по готвење.
5.Организирајте секси програма за двајца,која ќе почне со Покер или Стратегија,а ќе заврши со романтична вечера.
6.Слушајте жива музиката,посетете џез клуб, концерт или изведба со локален бенд.
7.Одете на час за танцување,одберете танц што ви се допаѓа – од салса до класични танци – и танцувајте со вашиот сакан на Денот на вљубените.
8.Направете нешто што од секогаш сте сакале да го направите заедно,како скокање со падобран,параглајдинг или нешто сосема трето.
9.Побегнете од вашето работно место. Земете ги работите во свои раце на  Денот на вљубените. Ние нема да кажеме на никого.
Извор- cosmopolitan.rsБез разлика на тоа во која фаза е вашата врска, Денот на вљубените може да биде извор на анксиозност и стрес. Тоа не н

Пронајдете не на следниве мрежи: