Корисничката на TikTok Лорен Џеј Кели објави видео на кое го покажува нејзиниот веренички прстен, што предизвика дебата на социјалната мрежа.„Да го нормализираме прикажувањето на сите видови прстени, дури и ако немаат голем дијамант“, напиша таа.Видеото досега е прегледано повеќе од седум милиони пати. Некои корисници на споменатата социјална мрежа изјавија дека никогаш не би носеле таков прстен, додека други не гледаат ништо непристојно во него.
@laurenjkelly96 It’s so shiney tho 💍 #engagement #engagementring ♬ original sound – Goophoop69.hater
„Би плачела“, „Би го одбил ако ми го даде ова. Ужас“, „Дали јас сум единствената што мисли дека овој прстен е многу подобар од оние со голем дијамант“, „Негативни коментари пишуваат жени кои немаат ни свршенички прстен секоја чест, девојче“, се дел од коментарите.Патем, корените на веридбата се наоѓаат во еврејските обичаи, уште пред времето на Авраам, а подоцна биле прифатени од Грците и Римјаните. Обичајот за давање веренички прстени потекнува од римското брачно право.Во 1215 година, папата Инокентиј III наредил свештениците јавно да ги објавуваат идните венчавки во црквите, за секој да може да чуе за нив и евентуално навреме да каже дали некој има пречка за црковна венчавка (на пример, тој е веќе оженет со друга личност).