Девојката што беше најдена во црна пластична кеса била убиена, ставена во кеса, па фрлена покрај патот, објави МКД.мк. Мртвото тело го пронајде вработен во “Комунална хигиена“ на пат кон Горно Оризари, вчера околу 16:00 часот. Од МКД.мк додаваат и дека дознале дека се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата девојка е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Со обдукција ќе се се открие причината како настапила смртта, но и дали убиецот оставил траги кои можат да ги одведат надлежните до него.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.