Девојката на познат фудбалер постојано ја навредуваат поради изгледот: „Таа е љубовта на мојот живот“

Тие се заедно од средно училиште, имаат ќерка и нивната љубов победува се.Англискиот репрезентативец и играч на Арсенал, Деклан Рајс , кој неодамна се најде во центарот на вниманието не поради фудбалот, туку поради конфликт со словачки репрезентативец, веќе осум години е во врска со Лорен Фрајер , девојка која често е мета на навредливи коментари поради нејзиниот физички изглед.Таа го следи на натпреварите, а на тековното ЕУРО 2024 беше на трибините, а со фудбалерот со кој живее во Лондон е во врска од средно училиште и добија ќерка во 2022 година.И покрај тоа што нивната љубов сега е долга и силна, тие не престануваат да ја навредуваат Лорен на социјалните мрежи и најчести коментари се „како може тој да биде со неа“, „погледни го, а види ја неа“, „колку пари прави, a каква девојка има?“ и други.Поради ваквите навреди, Лорен минатата година целосно се повлече од социјалните мрежи, односно ги избриша сите претходни содржини, сите селфи и објавени фотографии.Додека Деклан беше прашан „што прави со неа“, тој ги воодушеви сите со џентлменски гест на една конференција, неуморно бранејќи ја: „ Мојата девојка е љубовта на мојот живот. За мене нема подобра “.“Таа беше вистинска, смешна, убава и ја сакам повеќе од се. Таа беше моето безбедно засолниште кога се чувствував како да сум сам на светот”, откри тој опишувајќи ја својата поубава половина.🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Declan Rice’s girlfriend Lauren Fryer has sadly deleted all her social media photos after vile trolls made fun over her appearance. Absolutely heartbreaking to hear, nobody deserves that. 💔 pic.twitter.com/RNHdqsuFMi— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) April 24, 2024

Пронајдете не на следниве мрежи: