Девојка бесна зошто не и ја платил сметката од 110 евра

Корисник на Редит го споделил своето негативно искуство од својот прв состанок, откако помислил дека поминал добро, но девојката која излегла со него, не се сложила со тоа.
После првиот состанок, повторно ја поканил девојката да излезат, но таа го одбила. „Состанокот беше забавен, сè додека не почна да зборува за друго момче и колку тоа ѝ се допаѓа, па си помислив ‘ајде да јадеме, да поразговараме и да си одиме’, со оглед на тоа дека ѝ се допаѓа некој друг, но сè се промени кога пристигна сметката“, рекло момчето за „Bored Panda“.


„Беше шокирана дека одлучив сама да си ја плати својата сметка. Тогаш ништо не рече, но според нејзиниот израз на лицето, сфатив дека е бесна“, продолжил во својата исповед. “Обично ја плаќам сметката за двете страни, но јас сум студент и работам 60 часа неделно, за да можам да си купам храна, книги и слично. Всушност и не можев да си дозволам 110 евра за нејзината храна. Ја повикав повторно да излеземе, за да ѝ се извинам за минатиот пат и се надевав дека ќе отидеме на некое не толку скапо место, но, како што гледате, резултатите беа многу лоши…“


Имено, девојката го одбила бидејќи не ги платил нејзините јастог и вино (110 евра), иако тој јадел карбонара и пиел пиво (17.50 евра), а исто така таа го повикала него на првиот состанок. Тој ѝ одговорил дека е студент, а не нејзин спонзор, на што непристојно му порачала дека џентлмените секогаш плаќаат и дека веројатно тој е геј.


Кога тој ѝ напишал дека е џентлмен бидејќи не си заминал кога почнала да зборува за друго момче, му порачала „да ѝ се изгуби“ и дека сакал само да има секс со неа. „Секако дека сакав да имам секс со тебе, но тогаш сфатив дека немам 20 евра за тоа“, одговорил тој.
Неговата објава се проширила на социјалните мрежи, а корисниците воглавно застанале во негова одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.