Девојка која има 114 килограми и момче кое е двојно послабо од неа: Ги понижуваат и ги навредуваат на социјалните мрежи, а тие…

Канада, во Отава и кога речиси се опростила од својот љубовен живот и мислела дека засекогаш ќе остане сама, се случило чудо.
Се запознала со фитнес инструкторот Мет Монтгомери, во август минатата година, на Фејсбук и се случила магија. Иако тој е двојно послаб од неа, тие веднаш се поврзале.
Момчето не било како претходните со кои била – ја терале да ослабне, да биде на диета, но таа не го сакала тоа. Кога ќе им го кажела тоа, ја оставале.


„Бев неодлучна на почетокот. Бев во врски каде што момците ми велеа дека ќе ме остават ако не бидам на диета или ако не ги изгубам вишокот килограми. Тоа влијаеше на мојата самодоверба, дури почнав и да вежбам. Тогаш сфатив дека го правам тоа бидејќи не се сакам себеси и дека всушност се менувам поради нечија перцепција за убавина. Не бев сигурна дали ќе најдам некој кој ќе ме сака каква што сум, но откако го сретнав Мет, можам да кажам дека никогаш не сум била посреќна“, вели Британи.
Мет во меѓувреме решил да ја запроси во близина на нивниот дом и тоа пет и пол месеци после првата средба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany (@8rittanyj)


„Бев во врски со послаби девојки и тие воопшто не беа задоволни со себе. Воопшто не беа позитивни и постојано мислеа дека треба нешто да променат на себе, а тоа беше поразително за мене. Кога ја сретнав Брит, бев воодушевен од нејзината самодоверба и љубовта кон своето тело. Таа не сака ништо да менува на себе, а ниту јас не би го барал тоа од неа“, вели Мет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany (@8rittanyj)


Тие двајца многу се сакаат, но луѓето постојано гледаат во нив. Меѓутоа, најмногу негативност има на социјалните мрежи. Нему му велат дека не е доволно голем и доволно ‘маж’, за да биде со неа, па решиле да не обрнуваат внимание на коментарите. Се трудат да бидат среќни и да уживаат во животот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.