Австралиската дизајнерка на бикини, Карина Ирби, на својот Инстаграм профил објавила интересна видео снимка во која покажува дека никој не може да биде совршен во живо и на фотографии.
27-годишната Австралијанка објавила видео кое им помогнало на многу девојки да сфатат дека реалноста е поинаква од социјалните мрежи.
Со тоа Карина споделила сопствена фотографија од плажа и покажала како навистина изгледа уредувањето на ваквите фотографии на Инстаграм.
“Што се случува офлајн? Кога ја изгубивме самодовербата? Кога бевме млади, не нѝ беше важно како изгледаме, а воопшто не се споредувавме со девојките во нашето опкружување. Дали е до социјалните мрежи, филмовите и Холивуд … нешто се промени и одеднаш започнавме да се споредуваме со другите и да се стремиме кон нешто што не сме”, напишала Ирби во својата објава.
Со оваа видео снимка, таа охрабрила повеќе од 840 илјади следбеници да ја надминат несигурноста, а тоа е нешто што им го порачува на сите жени.