Девојче е физички нападнато од негователка во градинка, објавено е во објава на Фејсбук од страна на роднина на девојчето.
– Овој пост ми е најтежок што сум го напишала.
Мојата внука – тивко,воспитано и срамежливo девојче– беше физички нападната од возрасна жена додека едноставно си играше со топка со нејзините другарки на улица.
Наместо детска смеа и игра, таа доживеа нешто што ќе го памети цел живот. Жената што ја нападна работи како негувателка во градинка. Да, токму така – личност на која секој ден ѝ се доверуваат други деца.
Сега, мојата внука има пукнатина на рамото, гребнатини и модрици по телото и отежнато дишење. Но она што најмногу боли не е тоа – туку стравот во очите, тишината, и повлеченоста .
Со неа беа и две другарки – тие не беа физички повредени, но беа психички понижувани и исплашени. Сите три сега имаат траума.Како можеме да молчиме кога невини души се повредени – и физички, и емоционално?
Јас не можам да молчам.
Ова не е “само инцидент”. Ова е злоупотреба на доверба. Ова е аларм.
Во име на мојата внука – и во име на секое дете што не знае како да се одбрани – барам реакција. Барам одговорност. Барам заштита.
Децата се наша иднина. Нема ништо поважно од нивната сигурност. – стои во објавата на Фејсбук.
