Девојчето (8) го вшмукале во одводот на базенот, го нашле мртво во голема цевка: Мајката на Даниела очајна, го тужи хотелот

“Мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше апсолутно ужасно“, изјавил адвокат на семејството на девојчето.Полицијата во Хјустон ја истражува смртта на осумгодишното девојче чие тело е пронајдено во голема цевка во хотелски базен каде што таа пливала со семејството.Институтот за форензички науки на округот Харис пресуди дека смртта на Алија Јако во саботата е случајно давење.Велат дека таа починала од давење и механичка асфиксија, кога некој предмет или физичка сила ќе спречи некој да дише. Се чека извештај од обдукцијата.Полицијата соопшти дека девојчето било пронајдено „во голема цевка во просторот на базенот“ и било прогласено за мртво на местото на настанот, пренесува The Guardian .Меѓутоа, нејзината мајка Даниела Јаико поднела тужба против хотелот во понеделникот, тврдејќи дека детето било вшмукувано во необезбеден отвор во системот за проток на базенот широк од 30 до 40 сантиметри.Нејзиното тело подоцна било пронајдено на околу 6 метри длабоко во цевката.„Тие мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше апсолутно ужасно“, рече Ричард Нава, адвокатот на нејзината мајка, на прес-конференција во вторникот.Семејството на девојчето го тужи хотелот за повеќе од 1 милион долари додека полицијата го истражува случајот.Адвокатот на семејството изјави дека мајката на Даниела го вклучила алармот околу 14 часот и 50 минути веднаш штом сфатила дека нејзината ќерка ја нема.По избезумената потрага, таа побарала од персоналот на хотелот да ги види снимките од надзорните камери, но раководството „го одбило нејзиното барање и објаснило дека полицијата ќе мора да биде присутна за да го види видеото од надзорот“, се вели во извештајот.Мајката повикала полиција која го прегледала видеото. Снимката покажала дека девојчето исчезнало под вода и никогаш не излегло на површина.Базенот бил исцеден и нејзиното тело било пронајдено „заглавено во цевките на неисправната опрема за базен“ во 23.30 часот.Полицијата во Хјустон соопшти дека детективите „ги чекаат резултатите од обдукцијата за очигледното давење на детето“.„Истрагата продолжува“, додаде портпаролот.

Пронајдете не на следниве мрежи: