Девојче клекнува покрај баба, која проси на Кнез Михајлова во Белград, тие зборуваат извесно време, а потоа следи топла прегратка. Настанот е евидентиран со фотографии од страна на Владимир Чех, кој случајно поминал во моментот.
Авторот на фотографиите Владимир Чех, се шетал по главната градска улица и ја видел потресната глетка.
– Го видов девојчето како колечи и разговара со бабата. Кога се прегрнаа, срцето ми се стегна. Не сакав да ги вознемирам и да им пристапам, само ги фотографирав. Инаку, бабата која проси е речиси секој ден овде, недалеку од Српската академија на науки и уметности, вели Владимир.
Иако не се знае за што разговарале, едно е сигурно, таквите гестови ја враќаат верата во луѓето.
Се проценува дека во Белград живеат повеќе од 2.000 бездомници.