Девојче од Аранѓеловац почина од само една таблета екстази

По 4 дена броба за живот во болница, каде е префрлена откако ѝ се слошило после земање екстази на една приватна забава петнаесетгодишната Софија С. од Аранѓеловац починала.
На забавата присуствувале околу 20 тинејџери и некои пробале од таблетите. Неодамна на црниот пазар се појавија екстази од Кина на кои секој реагира различно. Заради смртта на Софија, уапсен е 21-годишниот Никола Б. од истиот град, поради сомнение дека ја донел дрогата на забавата. Според соопштението на српската полиција, Никола на забавата донел 7 вакви таблети, од кои Софија земала една.
Луѓето кои ја познавале Софија, велат дека девојчето било од угледно семејство.
-Нејзините се сопственици на салон за мебел во Аранѓеловац. Луѓе кои се стекнале со работа и труд. Таа вечерта ја пробала екстазата од чиста љубопитност и најверојатно првпат во животот, бидејќи друштвото околу неа користело. Се зборува дека екстазата од Кина е 5 пати посилна од некогашните домашни и дека за нечиј организам делуваат кобно. Таа земала една таблета – велат соговорници упатени до истрагата за српскиот весник “Курир“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.