Девојче се роди на 22.02.2022 во 02:02 часот како второ дете во болницата, но тоа не е се

Пар во САД добро ќе го памети вчерашниот ден бидејќи им се родила ќерката Руби. Малото девојче се роди на 22.02.2022 во 2 часот и 2 минути попладне.
Дека животот на Руби ќе биде обележан со бројот два говори и податокот дека дента таа била второто родено бебе во болницата, а второ и на нејзините родители.
Американските медиуми пренесуваат дека мајката и бебето се чувствуваат добро, а од болницата објавиле фотографија.

Инаку, вчерашниот датум создава редок осмознаковен палиндром, односно број кој е прочитан во двете насоки има исто значење. 22.02.2022 и од лево кон десно и обратно доколу читате е исто.
Во некои посебни фонтови датумот е и анбиграм, па можете истото да го прочитате и ако го свртите екранот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.