Девојче ја повика Колинда на роденден: Еве каков одговор доби од претседателката

Клара Приморац која со семејството живее во германскиот град Есен ја повика хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на прославата на својот роденден.
Девојчето кое е од Радишица во херцеговската општина Љубушки во април оваа година беше на Дејвис купот, на мечот меѓу Хрватска и Казахстан. После тоа целото семејство, на повик на советникот на претседателката Томислав Маџар, заедно со останатите хрватски иселеници ја посетија претседателката.


Клара тогаш ја повика претседателката на својот роденден. Клара роденденот го прослави на 30 јули, но без Колинда Грабар Китаровиќ, која не можела да дојде поради обврски.
-Драга Клара, поради бројни обврски не сум во можност да дојдам на твојата покана, поради тоа на овој начин ти го честитам роденденот, ти посакувам многу здравје, радост и веселење и се надевам дека ќе имаш убава роденденска прослава, со своето семејство, со кое ме посети во мојата канцеларија оваа пролет. Ти посакувам многу забава во текот на летото и убави спомени на безгрижните денови од детството и срдечно те поздравувам. Среќен роденден, твоја Колинда Грабар Китаровиќ, напиша претседателката на Хрватска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.