Дедо Мразовци ќе се тркаат во Скопје

Денес 12 часот во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедо Мразовска трка, во која повеќе стотици учесници во препознатливите костими ќе трчаат во центарот на градот. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Стартот и финишот на трката се на плоштадот „Македонија“, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк “Жена борец“, хотел „Холидеј Ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Учеството во трката чини 300 денари, а првите 300 пријавени ќе добијат целосен Дедо Мразовски костим, односно палто, панталони, капа, ремен и брада. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.