Борците на украинските сили за специјални операции во последните три дена убиле 50 севернокорејски војници и раниле 47 други во руската погранична област Курск.Укринформ пренесува дека ова го соопшти прес-службата на тие сили во објава на Телеграм.– Војниците на 8-ми полк на украинските специјални сили им приредија топло добредојде на севернокорејските војници во областа Курск. Операторите на специјалните оперативни сили (дронови) во последните три дена убиле 50 непријателски војници, а раниле 47 од нив – се наведува во соопштението.На снимката се гледа дека на дроновите кои ги „ловат“ војниците на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се закачени плишани играчки од Дедо Мраз, ирваси и пингвини.Претходно денеска Пентагон потврди загуби меѓу севернокорејските војници во битката со украинските сили.
Ukrainian SOF operators from 8th Regiment have destroyed 50 and injured 47 North Korean soldiers in Kursk region. pic.twitter.com/tWYSQumk11
— SPECIAL OPERATIONS FORCES OF UKRAINE (@SOF_UKR) December 17, 2024
Минатиот викенд, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија почнала да користи значителен број севернокорејски војници во областа Курск, а се појавија и снимки како тие ја преминуваат исчистената област.