Дедо Мраз се заглавил на покрив во градинка во Сараево – Го спасувале обучени планински спасувачи

Екипата на планинската спасувачка служба (ГСС) Нови Град Сараево денеска имала несекојдневна интервенција во една сараевска градинка. Имено, утринава екипата на ГСС добила повик од градинката „Анекс“. Маж маскиран во Дедо Мраз кој требало да им доставува пакетчиња на децата од оваа образовна институција заглавил на покривот, објавија локалните медиуми.

Според нив, поради густата магла тој ја изгубил ориентацијата.

– Нашите спасувачи пристигнаа брзо и внимателно го спуштија на безбедно, додека децата со ентузијазам ја следеа акцијата низ прозорците – велат од ГСС Нови Град Сараево.

Тие додадоа дека Дедо Мраз им се заблагодарил за помошта и навреме ги поделил пакетчињата, носејќи насмевки на лицата на сите присутни.

– Уште една незаборавна интервенција – велат тие.

Иако не е посочено, се претпоставува дека се работи за претстава за деца во изведба на екипата на ГСС Нови Град Сараево.

Пронајдете не на следниве мрежи: