Дедо Мраз синоќа ја прелета Македонија

Во четвртокот за време на католичкиот Божиќ, Дедо Мраз со санката ја прелета и Македонија. Тоа се случи синоќа, а прелетот над нашата земја траеше пет минути.
Летот „Дедо Мраз 1“ беше со регистрација „ХО-ХО-ХО“, и тип на авион „санка“, полета од северниот пол, каде ќе се врати на истото место, а можеше во живо да се следи преку „ФлајтРадар24“.
Тој лета многу побрзо од останатите авиони, за да може неколку пати да се врати на Северниот пол, да земе подароци за да ги разнесува на децата.
Во Македонија влезе нешто после 20 часот во југоисточниот дел, ги надлета Струмица, Виница, Берово, Пехчево и Делчево, и го напушти македонскиот воздушен простор упатувајќи се кон Бугарија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.