Ирина Шајк е овогодинешната водителка на фестивалот Санремо, кој се одржува од 24 до 28 февруари, а нејзиниот настап и смели модни изданија веќе предизвикаа мешани реакции во Италија.
Ирина Шајк ја остави публиката без здив појавувајќи се во смели фустани со длабоки деколтеа, па во одредени моменти изгледаше како да балансира на работ на добриот вкус. Покрај предизвикувачките изданија, таа презентираше и екстравагантни комбинации кои го отсликуваат нејзиниот автентичен стил.
Некои од нејзините обожаватели веруваат дека поранешниот, поелегантен и поредуциран начин на облекување ѝ одговарал повеќе, и дека порано повеќе ја истакнувала својата природна убавина. Сега, велат, ексцентричноста презема контрола.
На сцената на фестивалот, таа е придружувана од главниот водител, Карло Конти . На задоволство на публиката, таа изговори неколку реченици на италијански, но потоа продолжи на англиски.
Нејзиниот стил балансира помеѓу висока мода и провокација, па додека некои истакнуваат дека тоа ѝ дава на сцената светски гламур, други веруваат дека посуптилна елеганција би била посоодветна за духот на фестивалот.
Таа исто така истакна дека за неа е голема привилегија да учествува на фестивалот кој постои од 1951 година, и нема сомнение дека за овогодинешното издание ќе се зборува долго време.
The post Деколте до папок: Градите на Ирина Шајк се разлеваат од сите страни – мрежите горат (ФОТО) appeared first on Во Центар.



