среда, 25 ноември 2026
Најново

Делови од Скопје повторно под вода по невремето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По краткото невреме кое го зафати Скопје попладнево делови од градот повторно се полавија.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од скопските булевари и улици каде надојдената вода предизвика проблеми во сообраќајот, а најмногу за пешаците.
Фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција се од делови на Кисела Вода, Партизанска и улицата „Јордан Мијалков во центарот на Скопје.“ Инаку викендов Скопје исто така беше зафатено од големо невреме, а градските власти и градоначалникот не преземаат никакви мерки иако двете невремиња беа најавувани со денови.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поврзани вести