Деловната клима во Германија во март повторно нарушена

Деловната доверба во Германија во март по четири месеци јакнење повторно спласна, покажа во петокот извештајот на германскиот институт Ifo.

Индексот на деловната клима на Ifo, кој се темели на резултати на анкета спроведена меѓу 7.000 деловни луѓе, во март е намален на 106,7 поени, од 107,4 поени во февруари.„Германската економија и натаму е на пат на закрепнување во отежнати услови на работење благодарение на силната домашна побарувачка“, стои во соопштението на угледниот германски институт.Оптимизмот на деловните лидери го разниша финансиската криза на Кипар, која повторно ги поттикна стравувањата дека непопустливата должничка криза во еврозоната би можела да ја забави најголемата германска економија.
Макфакс
Деловната доверба во Германија во март по четири месеци јакнење повторно спласна, покажа во пе

Пронајдете не на следниве мрежи: