Делфините кога ќе се изгубат ја бараат мајка им по „име“

Оној со кого сакаат да се најдат во океанот, делфините ќе го повикаат по „име“, откри едно истражување.Овие многу интелигентни и друштвени суштества, познати се по тоа што користат специфичен звук како свиркање, за да се претстават еден на друг.Експертите покажаа како младенчето одвоено од својата мајка го имитира нејзиниот краток и остар звук за што се претпоставува дека е начин на кој се обидува повторно да се најдат. Машките делфини ја користат истата метода за да се најдат со најдобриот другар.Истражувачите од Универзитетот „Ст. Ендрус“, анализираа снимки на делфини од Флорида кои периодично се фаќани заради здравствени проверки. За време на контролата животните можеле да се чујат, но не и да се видат.Два делфина, пријатели кои биле одвоени, се обиделе меѓусебно да се повикаат имитирајќи го звукот на оној другиот.Истото се случило и со мајките и младенчињата.„Интересно е тоа што имитирањето на свирежот е откриено само кај двојките животни како мајка и младенче и машки делфини кои се во иста алијанса подолг период. Тоа го прават кога од некоја причина ќе се раздвојат па се обидуваат да се пронајдат“, вели истражителката Стефани Кинг.Студијата е последен пример за интелигенцијата на овој вид животни.Делфините, исто така, комуницираат со говор на телото, може да научат основни елементи од човечкиот јазик и да гледаат телевизија и да следат упатства од таму.
МакфаксОној со кого сакаат да се најдат во океанот, делфините ќе го повикаат по „име“, откри едно истражување.

Пронајдете не на следниве мрежи: