— Јавната установа Национален парк Маврово излезе со официјален демант по објавениот видео-материјал на социјалните мрежи, во кој се тврди дека на територијата на паркот се врши интензивна сеча на дрва.
Во своето соопштение до медиумите, од ЈУНП „Маврово“ нагласуваат дека објавените информации се неточни и невистинити, и дека наведените измени не ја одразуваат реалната ситуација на терен. Според институцијата, сите активности што се спроведуваат во шумските екосистеми се во согласност со планските документи и законските прописи, вклучувајќи ги Законот за заштита на природата и Законот за шумите, а надзор врши Инспекторатот за шумарство и ловство. Како што стои во демантот, објавеното видео на интернет не прикажува планска сеча, туку работи за расчистување на паднати и искршени дрва по силното невреме со снег кој ја зафати областа во месец октомври 2025 година. Ова интервентно отстранување било извршено како вонредна активност заради безбедност и отворање на сообраќајниците, а за истото имаат извршен инспекциски надзор со соодветен записник од страна на надлежните инспекции. Во официјалното соопштение, ЈУНП „Маврово“ ги повикува медиумите пред објавување на какви било тврдења за активности во паркот да побараат официјален став и мислење од институцијата за да се избегнат погрешни интерпретации и дезинформации.
The post Демант од ЈУНП Маврово: Се расчистуваше шумата поради паднати дрва, не се вршеше нелегална сеча appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



