Француската репрезентативка, Сираба Дембеле (27), од следната сезона ќе игра за ЖРК Вардар откако договорила едногодишна соработка со клубот, со можност истата да биде продолжена за уште една година.Дембеле е втората француска репрезентативка која потпиша договор со ЖРК Вардар, откако пред еден месец тоа го стори голманката Амадин Лејно.Дембеле која на стапува на позицијата лево крило во кариерата има настапувано за Мерињак, Изи ле Мулино, Тулон и Рандерс.Со репрезентацијата на Франција за која има одиграно 154 натпревари, Дембеле има освоено две вицешампионски титули, на СП 2009 во Кина и на СП 2011 во Бразил.Таа беше во составот на репрезентацијата на Франција и на последното ЕП 2012 во Србија на кое Французинките го освоија деветтото место.
МакфаксФранцуската репрезентативка, Сираба Дембеле (27), од следната сезона ќе игра за ЖРК Вардар откако договорила едногодиш