Демири остро: Вам од Кардиохирургија, уште колку години ви требаат да научите да оперирате сами?

Министерот за здравство Илир Демири во остар настап на Телма вечерва сподели сериозни информации и обвинувања на контото на Државната Клиника за кардиохирургија чиј директор Марјан Шокаровски беше неодамна разрешен.

Зошто да не можам да го разрешам Марјан Шокаровски од директор? Треба да дозволам некој да продолжи да оштетува? Шокаровски и Александра се тие кои се поврзани и се најголеми поборници ова да не излезе во јавноста.

Мислите дека јас треба да молчам а од Србија да доаѓаат фантоми да оперираат тука, без лиценци? Тој требаше да почне да ја поправа состојбата на Клиниката а не да билда мускули и да бара поддршка од минатите политички структури и овие што се во доаѓање. Апсолутно сум искрен пред јавноста. Никој не може да биде посилен од законот. Затоа е пријавено во Обвинителството. Но нема да дозволам некој во здравствениот систем да биде над законот, рече Демири.

Тој истакна дека од 2011 година од државниот буџет се обезбедуваат пари за светски познати кардиохирурзи да ги учат македонските студенти кардиохирургија а резултати нема.

Од 2011 три генерации на специјалисти досега требаше да работат на Клиника за кардиохирургија. Па да прашам каде се овие деца кои од 2011 наваму завршувале специјализации по кардиохирургија и анестезија наменета за кардиохируршки интервенции? Уште колку време треба државата да им плаќа на странци да не учат, дали центарот во Дедиње 14 години плаќа светски реномирани стручни лица од Сремска Каменица?

Ова се пари на Македонија и јас прашувам каде е кадарот што требаше да биде произведен? Мене ме боли тоа што не сме произвеле кадар и останува монополизацијата на тројца кардиохирурзи, од кои двајца млади кои не се самостојни и уште оперираат под надзор на друг и под менторство. Уште колку години треба да плаќа државата за тие да научат да оперираат сами? Кои се тие светски експерти од Дедиње што ве учат и уште колку време ви треба за да научите кардиохирургија?, праша Демири.

Тој додаде:

Нека излезат да кажат која интервенција можат да ја завршат сами и колкав е процентот. А апропо статистичките манипулации што ги прават, сосема се разични кардиохируршките интервенции од васкуларните. Васкуларните интервенции имаат многу пониска смртност во цел свет. Но ако ги видите само податоците за смртноста од кардиохируршки интервенции, тогаш тоа е застрашувачки. Не се сака државата со носење мој и твој од Србија, туку со креирање домашен кадар и за кардиохирургија и за анестезиологија за кардиохируршки интервенции, рече министерот за здравство.

Пронајдете не на следниве мрежи: