Меланија Трамп организирала проекција на филмот „Wonder“ во киното на Белата куќа, за 30 ученици од основно образование од американската установа „Digital Pioneers Academy“.
Проекцијата се одржала во склоп на Националниот месец за превенција на насилство меѓу врсниците, кој во САД се одбележува секој октомври.
За лежерното дружење со учениците, првата дама на САД одбрала поопуштена комбинација од оние во кои инаку ја гледаме, на официјалните настани.
Кожната јакна од британската дизајнерка Викторија Бекам, ја искомбинирала со темно-сини фармерки со висок струк, а од чевли, одбрала темно-сини салонки.
Овој модел на фармерки, кој го носела дамата, од модните експерти е прогласен за „најдемократски“, бидејќи одговара на сите типови на тело.
Поради комбинацијата на кројот, темните бои и отсуството на детали, овој модел најдобро ја истакнува фигурата на ласкав начин и еднакво исто им прилега на слабите, но и на покрупните девојки.