Демолирани шест возила на УБК

Шест возила во сопственост на УБК, утрово се демолирани на паркингот пред МТВ.
Нешто што е прилично симптоматично е тоа што на истиот паркинг биле паркирани и други автомобили, ама,  само оштетени се возилата на УБК, со искршени им биле ветробрански стакла.
О свен тоа што е причинета материјална штета, од возилата не било одземено ништо.
Од МВР го потврдуваат постоењето на случајот. Според нив денеска во 08.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ се искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и едно возило сопственост на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. МВР презема мерки и активности за расчистување на случајот. Дали е ова некаква порака или пресметка? Се множат шпекулации…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.