Десетици илјади демонстранти извикуваа „Среќен роденден, стаорци“ во близина на резиденцијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск денес, барајќи негова оставка.
Лукашенко, кој денес наполни 66 години, се соочува со протести по победата на изборите на 9-ти август, за кои неговите противници велат дека биле лажирани. Тој ги негира изборите за измама и тврди дека демонстрантите добиваат помош од странство, пренесува Ројтерс.
Демонстрантите се собраа пред резиденцијата на Лукашенко, која ја чуваат безбедносните сили. Се гледаше колона на оклопни воени возила кои се движат кон центарот на градот, објави руската новинска агенција Интерфакс.
Полицијата извршувала апсења во текот на целиот ден. Приведени се најмалку 125 лица, објави руската новинарска агенција РИА, податоците се од Министерството за внатрешни работи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.