Србите од северот на Косово се подготвени на вооружен отпор на властите во Приштина со цел да ја заштитат својата лична безбедност и да ги бранат своите животи и домови, покажува истражувањето на Демостат спроведено по инцидентот во Бањска на 24 септември, кога еден косовски полицаец е убиени и тројца вооружени Срби.
- Една романтична навика ви го уништува сонот
- Трамп лично им нареди на Украинците да го „исклучат“ Старлинк, целта е да се принуди Зеленски да престане да ги таргетира руските рафинерии
- На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени заклучоците: Осум услови за Црна Гора за да добие зелено светло за Унијата
- Исповед на 23-годишна зависничка од секс: „Спиев со сите што ги познавам“
- Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
Истражувањето на Демостат спроведено во две фокус групи со по девет учесници покажа дека подготвеноста да се спротивстават на властите во Приштина е присутна не само кај помладите, туку и кај постарите Срби кои живеат на северот на Косово.
Кај Србите од северот на Косово, постои висок степен на недоверба кон косовската Влада, кон локалните албански власти назначени по изборите на северот на Косово, кои беа бојкотирани од Србите, како и кон косовската полиција, а дел од испитаниците во текот на истражувањето го изразија својот страв од претставниците на Српската листа, што, како се наведува е една од причините зошто многу Срби не сакале да учествуваат во фокус групите.
Истражувањето покажа и тренд на намалување на степенот на доверба во српските институции откако Србите од северниот дел на Косово ги напуштија локалните институции, а според Демостат, оваа „ерозија на довербата особено се засилила“ по вооружениот конфликт во Бањска.
Србите од Косово најмногу му веруваат на КФОР затоа што веруваат дека оваа мисија може да обезбеди сигурност и безбедност, пред се во смисла на заштита од репресијата на косовските власти, а голема доверба имаат и во Рашко-Призренската епархија на Српската православна црква (СПЦ).
Пронајдете не на следниве мрежи:



