Денеска вакцинација за пратениците

Министерството за здравство информира дека денеска во спортската сала А1 Арена ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РСМ, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.
Вакцинацијата ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. Претходно беа вакцинирани собраниските служби.
Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните, соопштија од МЗ.
Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.