Денеска гласале под 14 проценти од гласачите споредено со парламентарните избори во 2016 година

Рекордно слаба излезеност во споредба во 2016, на оние кои денеска имаа можност да го остварат своето право на глас на референдумот. Слаба излезеност имаше и кај македонската дијаспора, но и кај затворениците и болните и изнемоштени граѓани. Најголема е разликата кај дијаспората – 17.200 граѓани гласале на изборите, но денеска не се појавиле на избирачките места. Кај болните и изнемоштени лица разликата е околу 6500 гласа.
2016 година:
Болни и изнемоштени 8.000, Дијаспора: 20.000, Затвореници: 2.000
Вкупно пријавени за гласање 30.000 од кои своето право на глас го искористиле 22.000
2018 година:
Болни и изнемоштени 1.500, Дијаспора: 2.800, Затвореници: 1.700
Вкупно пријавени за гласање 5.500 од кои своето право на глас го искористиле околу 3.000
Разликата на оние кои гласале во 2016 година и оние кои се изјасниле на референдумот е огромна, односно денеска се изјасниле само 13.7 отсто од оние кои го оствариле своето право на глас на изборите во 2016 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.