Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 август.
Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј.
Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (Јулијански календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век. Инаку, апостолот пострада маченички во ерменскиот град Албанопол, каде беше и закопан од албанополските христијани. Подоцна, поради чудата што се случуваа на местото каде што се наоѓаа неговите мошти, незнабожците го извадија ковчегот од земјата и го фрлија в море. Но, ковчегот не потона, туку по морето доплови до Липарските острови. А Липарскиот епископ Агатон во едно откровение дозна за ова, ги зеде моштите на апостолот и ги смести во црквата посветена на Св. апостол Вартоломеј. А кога во деветтиот век муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на свети Вартоломеј беа пренесени во Бенвенет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.