Денеска е Преподобен Максим Исповедник

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 август.
Денеска е Преподобен Максим Исповедник.
Во свое време свети Максим беше речиси единствениот столб на православието, кој бескомпромисно ја бранеше чистотата на верата од итрата ерес на монотелитите. Од таа причина беше прогонет во Скитија, во тврдината Шимарис, каде се упокои на денешен ден во 662 година. Преподобен Максим се слави на 21 јануари (стар календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Скитија во Цариград. Не се сочувале сведоштва за времето кога се пренесени неговите мошти.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Анастазиј.
Бил роден во Аквилеја. За време на прогонствата на Диоклецијан дошол во Солин, за да ги охрабри христијаните кои биле прогонети. Како христијанин се грижел за црквата. Како и многумина христијани, Анастазиј бил измачуван и потопен во реката Јадра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.