Денеска е Свети Игнат, правете само убави работи

Денес, втори јануари се празнува Свети Игнат, а според верувањата она што ќе го правите денес, ќе ви се случува во текот на целата година.
Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во некои краеви во Македонија на овој ден се месат коледарски колачиња. Првиот гостин кој доаѓал во куќата го сметале за полазеник, а каков ќе бил тој таква ќе била и целата година.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: