недела, 29 ноември 2026
Најново

Денеска е Св. великомаченица Анастасија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 декември.
Денеска е Св. великомаченица Анастасија.
Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затво¬рот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.

Поврзани вести