Денеска и утре (18 и 19 февруари) на лизгалиштето во СЦ Борис
Трајковски ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот
натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice 2022.

Љубителите на овој спорт ќе имаат можност да уживаат во
настапот на 55 натпреварувачи, поделени во вкупно 10 категории,
од кои осум во женска и две во машка конкуренција. На настанот
ќе има и гости од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.
Организатор на Skopje on Ice е Федерацијата за лизгачки
спортови на Северна Македонија, која е формирана во 2013
година, од четири клуба кои се занимаваат со овој спорт.
„Уметничкото лизгање е млад спорт во Македонија, но
интензивно се развива. Нашите спортисти имаат сè подобри
резултати, а оваа година имаме огромен интерес за нашата школа
за уметничко лизгање, па така педесетина деца зимава ги
направија првите чекори на мразот – вели Цветанка Макаровска,
претседателка на Федерацијата.
Skopje on Ice 2022 започнува денеска во 19:00 часот со настап на
четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни.
Настанот продолжува утре во 8:00 часот со останатите шест
категории. Најинтересно ќе биде во периодот од 10:30 до 13:00
часот, кога своите вештини на мразот ќе ги презентираат
натпреварувачите во категориите кои се признати од
Меѓународната лизгачка федерација (ISU) и во кои се бираат
државни прваци.
Настанот ќе се одржува на отворено и во согласност со сите
протоколи за заштита од корона вирусот. Сите посетители имаат
обврска да носат заштитна маска за лице и да одржуваат физичка
дистанца. Влезот на двата натпреварувачки дена е слободен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.