Под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот денеска во земјата имаше поројни и пообилни врнежи од дожд. Најмногу дожд до 19 часот има наврнато во Охрид, и тоа 34 литри на кубен метар.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поголема количина на дожд има наврнато и во Гевгелија, и тоа 25 литри.
Во однос на температурата, во 19 часот највисока е измерена во Гевгелија – 14 Целзиусови степени, а најниска била во Лазарополе и во Маврови Анови, и тоа 6 степени.
Од УХМР информираат дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. В понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни со над 30 литри на метар квадратен за 24 часа и со услови за појава на грмежи.
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво, најавува УХМР



