Денеска облачно време со утринска магла- УХМР со најава за снег и тоа многу набрзо, еве кога доаѓа

Времето денеска ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне облачно со појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време.
Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.
На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.