Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Потоплото време ќе предизвика и нагло топење на снежната покривка.
Температурата ќе се движи од осум до 16 степени.
Од среда се очекува да бидеме под северно воздушно струење, ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува, а со ќтоа е предизвика расејување на маглата. Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, но со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Минималните од среда ќе паднат и под нулата во утринските часови, а дневната ќе биде од два до 13 степени.